Јапонскиот премиер Суга објави оставка по само една година на функцијата

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави денеска дека нема да се кандидира за раководство на владејачката Либерално -демократска партија (ЛДП) на крајот на септември, со што ја напушта функцијата премиер по само една година. ЛДП има мнозинство во парламентот, што значи дека новиот премиер најверојатно ќе биде лицето што ќе биде избрано за лидер на партијата. Суга наиде на критики и во исто време голем пад на поддршката поради бавното спроведување на мерките против коронавирусот и одржувањето на Олимпијадата во Токио, и покрај грижите за јавното здравје.

Параолимписки игри во Токио без публика

Овој потег на Суга во голема мера е политичка одлука, така што ЛДП може да има нов лидер пред општите избори подоцна оваа година. Мандатот на долниот дом на парламентот завршува на крајот на октомври, а изборите за новиот парламент мора да се одржат до крајот на ноември. Суга ја презеде функцијата премиер кон средината на септември минатата година, кога неговиот претходник Шинзо Абе поднесе оставка поради здравствени проблеми.