Руските власти ги предупредија Епл и Гугл дека ќе бидат казнети доколку не ја тргнат од своите онлајн продавници апликацијата направена од соработниците на приведениот опозиционер Алексеј Навални. Надзорниот орган на Русија, Роскомнадзор соопшти дека доколку не биде отстранета, таквиот потег може да го протолкува како мешање во изборите во Русија. Апликацијата ја промовираше „Стратегијата за паметно гласање“, проект дизајниран за поддршка на опозициските кандидати.
„Гласајте, па ќе ви платиме“, Путин обвинет за поткуп на електоратот
Поддржувачите на руската опозиција, независните медиуми и невладините организации се под зголемен притисок пред парламентарните избори во Русија на 19 септември, а критичарите сметаат дека овој потег е обид да се задржи доминантното мнозинство на владејачката партија Единствена Русија.