Лидерите на опозициските партии Мељи Красниќи, Љумир Абдиџику и Рамуш Харадинај се согласуваат дека изборната кампања за локалните избори во Косово, закажани за 17 октомври, треба да се скрати. Во писмо до политичките партии, лидерот на Демократската алијанса на Косово, Абдиџику, побара изборната кампања да се скрати од 30 на 10 дена поради сериозната ситуација со пандемијата. Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Харадинај, изјави дека кампањата треба да се скрати на само пет дена, додека лидерот на Демократската партија на Косово, Красниќи, посочи дека прашањето за скратување на изборната кампања се разговарало во претседателството на партијата. „Верувам дека секој, без разлика, треба да му даде приоритет на јавното здравство“, изјави Красниќи.
Во Косово рекордни 36 починати од ковид 19, итно заседава Советот за безбедност
Конечната одлука за должината на кампањата треба да ја донесе Централната изборна комисија; која претходно најави дека ќе постапи во согласност со предлозите и советите на Националниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Косово. Во последните пет дена на Косово, 136 лица починаа од коронавирус. Според статистичките податоци објавени од приштинските медиуми, Косово го зазема првото место во светот по бројот на смртни случаи и инфекции на милион жители.