БСП ќе му го врати мандатот за формирање влада на претседателот на 7-ми септември. Така завршува целата постапка од три мандати за ова Национално собрание и претседателот Румен Радев мора да го распушти и да распише нови парламентарни избори. Ова ќе бидат трети вакви избори оваа година. Националниот совет на БСП одлучи да го врати мандатот нереализиран, откако во средата „Има таков народ“ конечно одби да разговара со социјалистите за можноста за поддршка на владата.
Радев ќе го предаде третиот мандат за формирање бугарска влада
Претходно, истото го направија „Демократска Бугарија“ и „Стани. БГ! Доаѓаме“. „Сметаме дека е бесмислено да се продолжат овие напори. Јасно е дека нема формирано мнозинство и нема желба за редовен кабинет“, рече лидерот на БСП, Корнелија Нинова по состанокот во четвртокот., цитирано од БТА. Претходно во август, првата политичка сила „Има таков народ“, предложи своја влада, но откако не доби поддршка од другите партии, одби да го предложи до парламентот во последен момент. Потоа, ГЕРБ, исто така, го врати мандатот.
Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември
Уставот го обврзува претседателот да го распушти Националното собрание, да назначи преодна влада и да распише нови парламентарни избори најдоцна во рок од два месеци. Вчера парламентот закажа претседателски избори на 14 ноември. Од Румен Радев зависи дали ќе ги закаже изборите за Националното собрание за истиот датум или за друг.