МФ: Годинава раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто

Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување оценува Министерството за финансии истакнувајќи дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.

Министерството за финансии, како што информира на денешниот брифинг со новинари министерот Фатмир Бесими, има конзистентен пристап за остварување на поставените цели за зголемување на растот од 2,5 на 5 проценти, како и за фискалната консолидрација до 2026 година, односно јавен долг по 60 проценти и три проценти буџетски дефицит.

„Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата“, посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Состојбата со јавниот долг заклучно со 30.06.2021 година е 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31.07.2021, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Во однос на барањата за нов пакет мерки, истакнуваат дека се во постојана комуникација со стопанството и дека следат и реагираат соодветно. Посочуваат дека со ребалансот на Буџетот биле предвидени средства за поддршка на компании групи во општеството со заеми, поддршка за плати, за извоз и развој, кои се уште се спроведуваат.