Најмалку 15 милиони дози вакцини против ковид-19 се фрлени во САД од март годинава, објави американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си која се повикува на информации добиени од американските здравствени власти. Тој број дози е пријавен од американските држави или аптеки каде што се даваат вакцините на Центрите за превенција и контрола на болести, највисоката федерална агенција за јавно здравје во земјата. Тој број веројатно е поголем, бидејќи неколку држави или федерални агенции не дадоа податоци.
Вакцината Фајзер целосно одобрена во САД
Причините за фрлањето можат да бидат различни; истечен рокот, грешка во разредувањето, проблеми со ладењето, испукани шишенца. Покрај тоа, едно шишенце има повеќе дози, и кога се отвораат другите дози мора да се користат во следните неколку часа, и затоа понекогаш се фрлаат ако не се најде примач. Таа бројка претставува само мал дел од вкупниот број на вакцини дистрибуирани во земјата од декември, речиси 444 милиони, како и бројот на реално дадени дози, 371 милиони.