Европската унија ќе треба да соработува со Талибанците, но нема да брза со формално признавање на исламистичката милитантна група како нови владетели на Авганистан, изјави Гунар Виганд, управен директор на Европската комисија за Азија и Пацифик. Тој рече дека официјалните односи ќе се остварат само ако Талибанците исполнуваат низа услови, вклучувајќи почитување на човековите права и неограничен пристап за хуманитарните работници.
Британија во директни преговори со талибанците за „безбеден премин“ од Авганистан
„Нема сомневање меѓу земјите-членки на ЕУ и во контекст на Г7 - ние треба да комуницираме со Талибанците, треба да влијаеме врз Талибанците, треба да ги искористиме влијанијата што ги имаме“, рече тој пред членовите на Европскиот парламент во Брисел, додавајќи: „Но, ние нема да брзаме да ја признаеме оваа нова формација, ниту да воспоставиме официјални односи“, рече тој. Виганд прецизира дека не е јасно дали Талибанците ќе можат ефикасно да владеат, но за ЕУ клучен услов за официјалните односи ќе биде воспоставувањето на инклузивна и репрезентативна преодна влада.