Талибанците со ултиматум до борците во долинaта Панџшир

Припадници на авганистанското движење против талибанците се одмораат додека патролираат на врвот на ридот во областа Дарбанд, провинција Панџшир, 1 септември 2021 година

Забележани биле повеќе судири меѓу Талибанците и силите на отпорот во областa североисточно од Кабул каде што милитантите допрва треба да ја преземат власта. Фронтот за национален отпор, составен од борци против талибанската милиција и поранешни авганистански безбедносни сили, вети дека ќе ја брани долината Панџшир, 100 километри североисточно од главниот град, која е опколена од исламистички милитанти. Поранешниот министер за одбрана Бизмилах Мохамади изјави дека нападот што го започнаа талибанците бил поразен и оти 34 талибански борци загинале. Талибанците вчера ги повикаа борците во долината Панџшир да го положат оружјето.

Авганистанците на границите со Пакистан и Иран во обид да избегаат од талибанската власт

Во меѓувреме, илјадници луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата продолжуваат да се упатуваат кон авганистанските граници по повлекувањето на американските сили. На преминот Торхам со Пакистан, пакистански службеник изјави дека „голем број“ луѓе чекаат на страната на Авганистан. Сведоци велат дека илјадници Авганистанци се собрале и на границата со Иран. Откако владата и авганистанската армија поддржани од Западот беа поразени под молскавична талибанска офанзива, илјадници Авганистанци ги напуштија своите домови стравувајќи од повторување на бруталното владеење на Талибанците помеѓу 1996 и 2001 година.

Британија во директни преговори со талибанците за „безбеден премин“ од Авганистан

Соединетите држави и нивните сојузници евакуираа повеќе од 123.000 луѓе од Кабул од 14 август, ден пред талибанците да ја вратат контролата врз земјата две децении откако беа отстранети од власта со инвазијата предводена од САД во 2001 година.