Луѓето кои се целосно вакцинирани имаат околу 50 проценти помала веројатност да страдаат од долгoтрајни симптоми на ковид-19 во споредба со невакцинираните. Ова се наведува во новото истражување, објавено во Лансет, кое исто така потврди дека целосно вакцинираните луѓе кои се инфицираат имаат значително помала веројатност да бидат хоспитализирани или да страдаат од тешки симптоми. „Откривме дека шансите за појава на симптоми за 28 дена или повеќе по инфекцијата се приближно преполовени со две дози на вакцина“, велат истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
СЗО стравува дека до декември во Европа ќе умрат уште 236 илјади луѓе од коронавирус
„Овој резултат сугерира дека ризикот од долготраен ковид-19 е намален кај поединци кои примиле двојна вакцина“. Иако повеќето луѓе се опоравуваат од ковид-19 во рок од неколку недели, некои луѓе доживуваат таканаречен долг ковид што може да трае со недели или дури месеци. Некои вообичаени долги симптоми на ковид-19 вклучуваат замор, отежнато дишење, тешкотии во размислувањето, кашлица, болка во градите, губење на вкус или мирис и главоболки.
Половина од населението во Македонија над 40 години примило барем една доза вакцина
Професорот Тим Спектор, главен истражувач во студијата, вели: „Без оглед на времетраењето на симптомите, гледаме дека инфекциите по две вакцини се исто така многу поблаги, така што вакцините навистина ја менуваат болеста на подобро. Ги охрабруваме луѓето да ја добијат вториот доза што е можно поскоро“. Наодите доаѓаат во услови на зголемена загриженост за намалувањето на ефикасноста на вакцините. Здравствените експерти не се сигурни дали ефикасноста на вакцината е намалена поради истекот на времето од целосната инокулација или од многу заразна варијанта делта, или пак станува збор за комбинација од двата фактори. Светската здравствена организација ги критикуваше богатите земји што се подготвуваат да обезбедат трета доза, додека посиромашните сѐ уште немаат добиено ни прва доза.