Германската влада размислува дали привремено да ги ублажи правилата за приватност на податоците, за да им овозможи на компаниите да откријат дали нивните вработени се вакцинирани против Ковид-19, изјавија денеска министрите, пренесува Ројтерс.
Многу земји воведоа задолжителна вакцинација на здравствените работници и вработените во јавниот сектор, додека некои компании, особено во САД, почнуваат да бараат од нивните работници да бидат вакцинирани.
Но, Германија има строги закони што ја регулираат приватноста на податоците, што значи дека на компаниите не им е дозволено да бараат здравствени информации од својот персонал.
Германските компании ја заговараат монжноста да го прашаат својот персонал дали се вакциниран, а владата се обидува да натера што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат. Речиси 61 процент од населението е вакцинирано со две дози, додека 65 отсто примиле барем една доза.
Владата во средата се согласи дека компаниите мора да им дозволат на своите работници да имаат слободен ден кога се вакцинираат и дека компаниите кога одлучуваат за заштитни мерки, би можеле да го земат предвид вакцинирањето на нивниот персонал, доколку го знаат.
Министерот за економија Питер Алтмаер изјави дека владата размислува за прашањето дали на компаниите да им дозволи да поставуваат прашања во врска со вакцинацијата, особено на работните места кои се опишани како ранливи.