Авиокомпанијата „Виз Ер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за екипажот или редовно антигенско/ПЦР тестирање во посебни случаи.
Во соопштението на компанијата се наведува дека станува неопходно екипажот да биде вакциниран, бидејќи владите се повеќе бараат доказ за вакцинација во рамики на условите за влез во земјите.
„Највисок приоритет на „Виз Ер“ е здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Наша одговорност е да го заштитиме екипажот и патниците на авионот со намалување на ризикот од Ковид-19, а вакцините играат клучна улога во тоа “, изјави генералниот директор на „Виз Ер Груп“ Јожеф Варади.
Виз Ер соопшти дека одлуката е донесена во согласност со истражувањата што ја потврдува ефикасноста на вакцините како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.
Компанијата наведе дека на самиот почеток на пандемијата, таа била прва што вовела строги мерки за здравје и безбедност со цел да се заштитат и патниците и членовите на екипажот, и дека обезбедила најсанитарни можни услови и дека поддржала физичка дистанца.
„Виз Ер“ наведе дека дополнителни мерки ќе се спроведат во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции во сите бази на компанијата.