Авганистанците на границите со Пакистан и Иран во обид да избегаат од талибанската власт

Пакистан- авганистански фамилии седат пред шаторите во граничниот град во пакистанската провинција Балочистан, 01.09.2021

Илјадници луѓе кои бараат начин да избегат од талибанската власт се собраа на авганистанските граници по повлекувањето на американските сили со што се стави крај на масовната авионска евакуација на Авганистанците кои им помагаа на западните нации за време на 20 годишното присуство во земјата.

На преминот Торкхам со Пакистан, пакистанските власти соопштија дека денеска се собрале голем број луѓе кои чекаат од авганистанската страна да се отвори границата. Очевидци белат дека илјадници Авганистанци исто така се на граничниот премин со Иран.

Соединетите Американски Држави и сојузниците евакуираа повеќе од 123 000 луѓе од Кабул од 14 август до вчера. Евакуацијата почна откако талибанците ја преземаа контролата врз земјата две децении откако беа тргнати од власт со инвазијата во 2001 година предводена од САД. Но, десетици илјади Авганистанци кои се смета дека се под ризик останаа во Авганистан.

Британија најави дека е во директни преговори со талибанците за да се осигура „безбеден премин„ за нивните државјани и сојузници кои останаа во Авганистан. Британската влада соопшти дека премиерот Борис Џонсон го пратил Симон Гас како специјален претставник да се среќава со талибанците во главниот град на Катар, Доха.

Советот за безбедност на Обединетите нации побара од талибанците да обезбедат безбеден премин за оние кои сакаат да ја напуштат земјата. Талибанците ветија дека ќе им дозволат на Авганистанците да ја напуштат и да се вратат во земјата, но остануваат дилеми за интенциите на таа исламистичката група.