Учениците во училници, почна учебната година со маски

Скопје- прв ден во училиште со посебни протоколи поради пандемијата со ковид19

Локалната канцеларија на организацијата на Обеденитети нации за децата УНИЦЕФ, министерката Мила Царовска, премиерот Зоран Заев и други политичари го честитаа првиот училиштен ден кој ги врати учениците во клупи по година и пол дигитална онлајн настава поради пандемијата со коронавирусот.

Наставата се одвива според протоколите кои ги објави Министерството за образование и наука, а ги подготви Комисијата за заразни болести. Меѓудругото на учениците им се мери температура на врата, задолжително е да носат маски и да ги дезинфецираат рацете.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани вели дека првиот училишен ден за учениците од Северна Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во училиштата. Според податоците тоа е долг период од просекот на другите земји во Европа и Централна Азија, што изнесува 25 седмици.

„Токму затоа повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование коешто ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините коишто ќе му бидат потребни во животот“, се вели во соопштението на организацијата.

Премиерот Зоран Заев, пак, наведе дека нема подобра опција од наставата со физичко присуство и дека се вложени сите напори за учениците безбедно да се вратат во училишните клупи, но нагласува дека е потребна максимална одговорност и почитување на протоколите од сите учесници во воспитно – образовниот процес.

„Владата, заедно со Министерството за образование, ги вложи сите напори во обезбедувањето на здравствено безбедни средини за учениците. За да се спречи ширењето на ковид 19 во училиштата потребна е максимална одговорност и почитување на планот и протоколите што ги усвоивме од страна на сите учесници во воспитно – образовниот процес, од ученици, наставници, родители, од општините“, вели Заев.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека верува оти со враќањето на физичката настава во училиштата ќе биде полесно за сите.

„Не заборавајте да бидете одговорни во секоја прилика за време на овие вонредни услови за едукација, заштитете го личното здравје и придонесете за безбедноста на другите околу вас“, порачува Царовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценија дека Царовска и Владата „прокоцкаа цело лето и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на настава од денес“. Од опозициската партија тврдат дека голем број училишта низ државата не се спремни, дека нема дезинфекција, а дека протоколите имаат пропусти.

„Царовска наместо да набави брзи тестови за учениците и да создаде систем за брзо изолирање на КОВИД позитивни жртвува повторно цела година. Само прашање на време е кога Царовска повторно ќе ја воведе онлајн наставата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Учениците престана со настава со физичко присуство во 2019 година кога почна епидемијата со ковид19. Минатата година наставата се одвиваше само онлајн за учениците во основните и средните училишта над четврто одделение, а од прво до трето имаа избор дали ќе следат со физичко присуство или онлајн. Оваа учебна година Владата одлучи сите да бидат со физичко присуство, а можност за онлајн имаат ученици со хронични болести и оние кои имаат член на семејството со хронични болести. Постои можност и за следење на наставата онлајн и врз немедицински причини за што одлучува училиштето.