Британија е во директни преговори со талибанците за да се осигура „безбеден премин„ за нивните државјани и сојузници кои останаа во Авганистан и по евакуацијата до која дојде откако талибанците ја зазедоа власта. Британската влада соопшти дека премиерот Борис Џонсон го пратил Симон Гас како специјален претставник кој се среќава со талибанците во главниот град на Катар, Доха. Многу талибански лидери живеат во Катар откако беа протерани од Авганистан по американската инвазија пред 20 години.
Џонсон беше под притисок на критичарите кои сметаат дека многу Авганистанци кои им помагале на западните влади останале во Авганистан и талибанците може да им се одмаздат.
Британската влада соопшти дека нивниот претставник Гас се среќава со високи талибански претставници за да ја нагласи „важноста од безбеден премин за Британците и оние Авганистанци кои работеле со нив“.
Соединетите Американски Држави ја завршија евакуацијата од Авганистан на 30 август со што се заврши и 20 годишното воено присуство во земјата. До ова дојде откако талибанците минатиот месец ја преземаа власта во земјата.