Дводневниот Бледски стратешки форум почнува днеска на Блед, со учество на лидери од регионот и други европски земји. Настаните на првиот ден, според традицијата, ќе се одржат во салата на фестивалот Блед со воведни говори на министерот за надворешни работи на Словенија, Анѓе Логар, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерот на Словенија, Јанез Јанша. Во дискусиите на првиот ден, лидерите на европските земји и високите претставници на ЕУ ќе се осврнат врз главните предизвици за иднината на Европа.
Заев: ЕУ има морална обврска кон С. Македонија
На првиот ден од Стратешкиот форум на Блед, ќе се дискутира и за закрепнувањето по пандемијата, зелената и дигиталната трансформација и иднината на процесот на проширување - што традиционално е една од најпосетуваните дискусии на форумот.
Нема да бидеме дел од ЕУ во догледно време
На вториот ден од состанокот разговорите ќе се фокусираат врз пост-пандемиско закрепнување на економијата и закрепнување на туризмот, зајакнување на отпорноста на ЕУ, зајакнување на сајбер отпорноста, поврзување и дигитализација. На Стратешкиот форум Блед ќе учествуваат претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Светската туристичка организација, како и Гугл, Мајкрософт, Мајкрософт и Фејсбук.