Вонредната состојба во Бугарија воведена поради пандемијата со ковид-19 ќе биде продолжена до 30 ноември. Бугарскиот министер за здравство Стојко Кацаров денеска издаде две наредби за продолжување на важноста на анти-епидемиските мерки, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.
Според првата наредба која ја издаде министерот за здравство, важењето на анти-ковид мерки се продолжува до 10 септември, што значи дека објектите продолжуваат да работат со 50 проценти од нивниот капацитет, а таму каде што има вакцинирани, прележани или со прикажани негативни ПЦР тестови, тие можат да работат 100 проценти.
Втората одлука се однесува на продолжување на траењето на мерките до 30 ноември кои се однесуваат на работа од дома или работа во смени, почитување на растојание од најмалку 1,5 метри и носење маска. Двете наредби влегуваат во сила од 1 септември.