По 12 години затвор за лидерите на протестите во Белорусија

Организаторите на минатогодишните протести Марија Колесникова и Максим Занк

Белоруските обвинители бараат со 12 години затвор да се казнат организаторите на минатогодишните протести Марија Колесникова и Максим Занк. Станува збор за протестите на кои се оспоруваше новиот мандат на претседателот Александар Лукашенко. Белорускиот суд пресудата по обвиненијата за заговор, ќе ја изрече на 6-ти септември.

Почнува судење на двајца белоруски опозиционери

Двајцата обвинети, кои се членови на координативниот совет на опозицијата, беа обвинети за заговор за преземање на власта, повици за дејствување со цел да се наштети на националната безбедност и повици за дејствија со кои се нарушува националната безбедност, користејќи медиуми и интернет.

И двајцата ги отфрлија обвиненијата, кои произлегуваат од нивните повици за протести против официјалните избори во минатиот август, како политички мотивирани.

Доколку бидат осудени, им се заканува затворска казна до 12 години. Заедно со лидерот на опозицијата Свјатлана Циханускаја и друга партнерка во кампањата, Вероника Цепакало, Колешникова ги предводеше протестите минато лето против Лукашенко.

Калесникава беше уапсена на 7 септември во центарот на Минск од маскирани лица, следниот ден беше однесена на украинската граница заедно со двајца соработници. Ѝ било наредено да ја премине границата, но Калесникава одбила и наместо тоа го искинала пасошот. Потоа била вратена во Минск и затворена. 39 годишната Колешникова поранешна вработена во Филхармонија и нејзиниот адвокат Занк се во притвор од септември.

Судењето се одвиваше зад затворени врати.

САД повикаа на ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Колесникова е единствениот водач на протестите што се уште е во Белорусија.
Циханускаја, која се кандидираше за претседател наместо нејзиниот сопруг во затвор, беше принудена да ја напушти земјата и доби засолниште во Литванија, членка на ЕУ. Цепекало, исто така, ја напушти Белорусија.

Демонстрациите започнаа откако на претседателските избори во август 2020 година Лукашенко го освои шестиот мандат, што предизвика силен и масовен бран протести поради обвинувањата дека изборите се наместено.