Бугарското МНР му врачи протесна нота на македонскиот амбасадор во Софија

Илустрација

Македонскиот вршител на должност амбасадор во Софија, Владимир Крстевски денеска бил повикан во бугарското Министерството за надворешни работи, каде му била врачена протестна нота поради отстранување на бугарското знаме во Битола, јавува новинската агенција МИА.

Бугарското министерство констатирало дека на 28 август годинава било отстрането знамето на Бугарија, кое се веело до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола.
Бугарија изрази длабока огорченост поради инцидентот, јавува МИА.

Во официјалното соопштение по состанокот, бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на Министерство за надворешни работи на Северна Македонија, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Радев- Бугарија нема да дозволи во Македонија да се кршат правата на граѓаните со бугарска самосвест

За време на состанокот, бугарските власти ја изразиле својата загриженост за честите случаи на напади и агресија предизвикани од омраза кон Бугарија, вклучително и против државјани на Република Северна Македонија со бугарско потекло или оние кои се симпатизери на Бугарија.