Нагло зголемување на случаи на корупција од почетокот на годината регистрирало Руското обвинителство. Обвинителството регистрирало околу 24.500 случаи на корупција регистрирани меѓу 1 јануари и 30 јуни, што е највисока бројка во последните осум години.
Во извештајот се вели дека речиси половина од случаите биле поврзани со мито, од кои една третина се за суми од 135 американски долари или помалку.
Повеќето случаи поврзани со поткуп се регистрирани во родниот град на претседателот Владимир Путин, Сент Петербуг. во југозападниот регион Ставропол, и регионот Перм, во областа Волга-Урал.
Во извештајот се вели дека во споредба со 2020 година, нивото на корупција во Русија, мерено според случаите, во првите шест месеци од оваа година било повисоко за 16,5 проценти. Во извештајот се наведува дека штетата што се очекува да биде предизвикана од корупција оваа година се проценува на 544 милиони долари.
Претходно оваа година, руското обвинителство објави дека најчести случаи на корупција се регистрирани меѓу полициските службеници. По нив следуваат претставници на Министерството за одбрана.