Меѓународна агенција за атомска енергија: С. Кореја рестартираше нуклеарен реактор

Сателитска снимка на севернокорејскиот нуклеарен центар Јонгбион

Телото на Обединетите нации за атомска енергија денеска соопшти дека изгледа како Северна Кореја повторно да активирала нуклеарен реактор за кој се верува дека произведува плутониум за нуклеарното оружје на земјата.

“Од почетокот на јули има индиции меѓу кои испуштање на вода за ладење потребна за работата на реакторот во Јонгбион, коплекс клучен за нуклеарната програма на Северна Кореја“, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија во својот годишен извештај.

Ова е прв знак за активност на реакторот од декември 2018 година.
Инспекторите на организацијата со седиште во Виена беа избркани од Пјонгјанг во 2009 година и своите проценки ги вршат врз основа на сателитски снимки од објектите. Северна Кореја последно нуклеарно тестирање го изведе во 2017 година.

Меѓународната агенција за атомска енергија наведува дека е забележана активност и на лабораторијата во нуклеарниот комплекс што како што наведува е јасно кршење на резолуциите на Обединетите нации.