Европската унија се очекува да ги врати ограничувањата за државјаните на Соединетите Американски Држави поради зголемениот број случаи на ковид19 и реципроцитет на мерките. ЕУ се очекува денеска да го објави тргнувањето на САД од списокот безбедни земји чии државјани можат да патуваат во членките на блокот без никакви дополнителни рестрикции како карантин и барање за тестирање.
Меѓудругите земји кои се очекува да бидат тргнати од списокот безбедни се Македонија, Косово, Црна Гора, Израел и Либан. Препораката од Брисел е сите земји членки да останат отворени за можноста сами да дефинираат под кои услови странците ќе можат да влезат во земјата.
Повеќето земји членки ги отворија своите граници за Американците во јуни во надеж за подобрување на туристичката сезона. Од почетокот на летото високиот број на заразени со делта сојот на коронавирусот ја зголеми бројката во САД. Друго прашање што го поттикна ваквиот чекор на ЕУ е реципроцитетот. САД генерално остануваат затворени за европјаните и покрај притисок на европските лидери врз администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за отворање.