Во последните 24 часа се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19. Најмногу случаи има во Скопје – 253, па следуваат Тетово со 105 новозарзаени, Гостивар – 44, Куманово – 36, Струмица – 32, Кичево – 26, Прилеп – 24, Дебар – 19, Битола – 18, Штип – 16, Свети Николе – 14, Струга – 13, Велес ,Кавадарци и Охрид – по 12, Ресен – 7, Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5, Виница – 4, Неготино – 3, Берово и Пехчево – по 2, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 403 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие пријавени се 27 починати лица: 7 од Тетово, 6 починати лица од Гостивар, 5 од Скопје, по две починати лица од Дебар, Свети Николе и Струга и по едно починато лице од Куманово, Струмица и Велес. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
- Филипче: Трета доза само од вакцината на Фајзер, но за имуно-компромитирани пациенти
- Половина од населението во Македонија над 40 години примило барем една доза вакцина
Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360