Во Косово рекордни 36 починати од ковид 19, итно заседава Советот за безбедност

илустрација, пациенти со ковид 19

Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 36 смртни случаи на заболени од Ковид-19, што е двојно повеќе од досегашните највисоки бројки од по 18 починати, забележани вчера и завчера, како последица на пандемијата.

Во истиот период, уште 1.630 лица, од 11 илјади извршени тестирања, резултирале позитивни на коронавирусот, додека како излекувани се евидентирани нешто повеќе од 800 пациенти.

Поради енормниот пораст на бројот на починати и новозаразени од Ковид-19 во последно време, косовскиот премиер Албин Курти денеска го откажа учеството на Европскиот форум Алпбах 2021 во Австрија и свика итна седница на Советот за национална безбедност на Косово.