Повеќе од 500 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза

илустрација

Повеќе од 500 мигранти пристигнале на италијанскиот остров Лампедуза, а градоначалникот Тото Мартело го нарече „едно од најголемите пристигнувања на мигранти во последно време“.

Италијански патролни чамци откриле и спасиле 539 мигранти кои беспомошно пловеле во Средоземното Море во преполн рибарски брод, на само 15 километри од брегот на Лампедуза, објавија новинската агенција АНСА и други медиуми, повикувајќи се на италијанските власти.

Според првичните информации, меѓу мигрантите има најмалку три жени и 29 малолетници без придружба. Спасените доаѓаат главно од земјите од Северна и Западна Африка, како и Бангладеш и Сирија.

Според медиумите, почетниот центар за прием во Лампедуза, кој има капацитет од 250 луѓе, сега има значително повеќе од 1.200 мигранти. Само во вторнико 507 мигранти пристигнаа на островот со повеќе од 20 бродови во период од 24 часа.

Според ОН, годинава во централниот дел на Медитеранот загинале околу 1.040 мигранти.

Италијанското министерство за внатрешни работи наведува дека повеќе од 37.000 мигранти пристигнале на италијанска почва со бродови од почетокот на јануари, што е повеќе од двојно во споредба со истиот период минатата година.