Израелски авиони нападнаа цели на екстремистичкиот исламски Хамас во Појасот Газа, неколку часа по судирите меѓу палестинските демонстранти и израелските војници долж границата.
Во военото соопштение се наведува дека била бомбардирана база на Хамас во Газа како одговор на пуштањето запаливи балони во јужен Израел и продолжувањето на насилните протести втора недела по ред.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет им се обрати на новинарите во Вашингтон на крајот од неговата државна посета на Соединетите Држави на која се сретна со американскиот претседател Џо Бајден за прв пат откако и двајцата ја преземаа должноста.
„Дејствуваме во Газа во согласност со нашите интереси“, рече израелскиот лидер на хебрејски пред да се качи на авионот, додавајќи дека ги постигнал сите цели од неговата посета на Вашингтон, вклучително и стратешката соработка во спречувањето на Иран да развива нуклеарно оружје.
- Египет го затвори граничниот премин со појасот Газа
- Израел бара од Либан да презеде одговорност за нападите од негова територија
Вчера стотици активисти поддржани од Хамас одржаа ноќен протест на израелската граница, фрлајќи експлозив врз војниците кои одговорија со боева муниција. Здравствените власти соопштија дека три лица се ранети од израелски оган.
Нови протести се планирани за следната недела, а организаторите велат дека целта е да се зголеми притисокот врз Израел да ја укине блокадата на палестинската територија.