„Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повеќе проекти во иднина“, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот далекувод Битола – Елбасан.
Според него разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата, како што рече, носи повеќе демократија.
„Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници“, рече Заев.
- ДИК: Досега собрале потписи 15 независни кандидати за градоначалници
- Независните листи со реални шанси за советници, а мали за градоначалници
Тој оцени дека општините не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години, истакнувајќи дека Владата даде педесет милиони евра за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите.