Во Хрватска пристигнаа 19 евакуирани Авганистанци

илустрација

Деветнаесет авганистански државјани, од кои 10 малолетни синоќа слетаа на аеродромот во Загреб, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Помеѓу пристигнатите се лицата кои им помагале на Делегацијата на Европска Унија во Кабул и членови на нивните семејства.

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги повика земјите-членки на ЕУ да прифатат членови на персоналот од Авганистан, околу 500 Авганистанци, воглавно превердувачи и помошен персонал и членови на нивните семејства. Хрватска одлучи да прифати 20 Авганистанци.