Во Црна Гора запленет тон кокаин скриен во банани

Запленетиот кокаин во Црна Гора

Полицијата во Црна Гора соопшти дека вчера запленила над еден тон кокаин скриен во пратка банани. Полицајците го откриле кокаинот, поделен на 1.250 пакети, во село Мојановиќи, кое се наоѓа во близина на главниот град Подгорица, објави полицијата денеска на Твитер. Полицијата соопшти дека се уапсени две лица, но не соопшти детали.

„Запленетата дрога покажува моќ и одлучност во борбата против организираниот криминал и ја покажува сигурноста на Црна Гора како меѓународен партнер“, рече полицијата.

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ вели дека го прават тоа што го ветиле дека Црна Гора нема да биде земја на криминал. Црна Гора, треба да го искорени организираниот криминал и корупцијата за да напредува во обидот да се приклучи кон Европската унија. Црна Гора веќе е членка на НАТО.