Дрисла доби забрана за прием и третирање на опасен отпад за кој не поседува инсталација

Депонија Дрисла.

На депонија Дрисла и се забранува да прима и да третира опасен отпад за шифрите за кои не поседува соодветна инсталација. Депонијата треба да ги раскине и сите договори склучени со фирми за прием и третман на таков отпад.

По направен инспекциски надзори во депонијата Дрисла, Државниот инспекторат за животна средина меѓудругото утврдил дека фирмата согласно А Интегрираната Еколошка Дозвола во Додаток 3 се наведени 22 шифри на опасен отпад за кои субјектот не поседува инсталација за третман и/или преработка на опасниот отпад, а исто така во дозволата не се опишани операциите, постапките, ракувањето и отстранувањето на опасниот отпад за овие шифри.

Инспекцискиот наздор е направен по претставка од граѓани за можно одлагање на опасен отпад во ЈП Депонија Дрисла, Скопје. По направената контрола е направен записник во кој се наведува дека правниот субјект врши редовно депонирање на комуналниот отпад кој се носи од општините на територијата на градот Скопје и останати општини, а приемот на истиот се врши согласно законската регулатива и условите во А Интегрираната Еколошка Дозвола.

Медицинскиот отпад редовно се прима од ЈЗУ и ПЗУ согласно договорите со здравствените установи и истиот се согорува во печка за согорување.