Комисијата за заразни болести одржала состанок за барањето на Кризниот штаб на Општина Тетово, таму наставата за започне со онлајн предавања, наместо со физичко присуство. Министерката за образование Мила Царовска денеска изјави дека чекаат инструкции од Комисијата за заразни болести и дека се во постојана координација со градоначалничката на Општина Тетово и со Министерството за здравство.
Одлуката на крај мора да помина и на владина седница пред да стапи на сила.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи вчера на прес-конференција побара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е поради високите бројки на заболени од ковид во Тетово, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести.
Владата неодамна донесе одлука учебната година да почне на 1 септември и да стартува со физичко присуство за сите ученици во сите училишта.