Словенија ќе се обиде да и каже на Бугарија дека е и во нејзин интерес С. Македонија да стане членка на ЕУ, рече заменик премиер и министер за одбрана на Словенија, Матеј Тонин. Тој денеска е во посета на Македонија.
На заедничката прес – конференција во Охрид со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска, словенечкиот министер рече дека местото на С. Македонија е во ЕУ, а Словенија ќе направи сè што е во нејзината моќ, земјата да станете што побрзо полноправна членка на ЕУ.
Словенија е актуелен претседавач со ЕУ.
Тонин зборуваше и за ситуацијата во Авганистан и за вчерашниот напад.
„Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа ќе извлечеме навистина добра лекција“, рече тој.
На средбата меѓу двајцата министри за одбрана се разговарало и за помошта што Словенија и ја пружи на Македонија во гаснењето на пожарите на почетокот на овој месец. Тонин вели дека Словенија ќе биде секогаш тука за да помогне. Словенечкиот министер ќе го посети и Берово, каде словенечките пожарникари гаснеа пожари и од тамошниот градоначалник ќе прими Плакета во знак на благодарност.