Британските сили влегоа во последна фаза од евакуацијата на луѓе од аеродромот во Кабул, а капацитетите за обработка се затворени, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.
Од Министерството соопштуваат дека сега ќе се фокусираат на напорите да се евакуираат британски државјани и други луѓе кои веќе добија дозвола да заминат и се на аеродром и дека нема да се повикуваат други луѓе на аеродром за евакуација.
Министерот за одбрана Бен Валас изрази жалење што не успеаја сите да бидат евакуирани.
Досега, Велика Британија евакуираше повеќе од 13.700 британски државјани и Авганистанци.