Вчера против ковид се вакцинирале 11.833 граѓани, од кои прва доза примиле 7625 луѓе. Заклучно до вчера во државата се вакцинирале вкупно 703.557 граѓани, од кои 516.797 граѓани се вакцинирани со две дози. Досега во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини.
Со последните бројки 51 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, велат од Министерството за здравство. Од 16 август во државата важат правила за рестрикција на оние кои не се вакцинирани, тие не можат да влезат во угостителски објекти, настани на отворено или затворено, молови.