Бугарија објави дека ќе ја зајакне границата со Грција и Турција со 400 до 700 војници, поради зголемената загриженост во Европа поради приливот на мигранти од Авганистан. Преземањето на Авганистан од страна на Талибанците предизвика страв од повторување на мигрантската криза во Европа во 2015 година, кога во Унијата пристигнаа повеќе од милион луѓе кои избегаа од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток. Многу мигранти преминаа од Турција и тргнаа по таканаречената балканска рута кон побогатите земји од ЕУ. „Притисокот врз бугарската граница се зголемува, што бара од владата да дејствува, и таа го прави токму тоа“, рече министерот за одбрана Георги Панајотов.
Европа стравува од нова бегалска криза
Војниците ќе бидат на располагање да им помогнат на полицијата и на жандармите со „изградба на бариери и надзор“, додаде тој. Министерството за внатрешни работи соопшти дека постои „зголемен миграциски притисок“ во последните недели на границата со Турција и Грција. Поради загриженоста на Европа за авганистанските мигранти, словенечкото претседателство на ЕУ свика итен состанок на министрите за внатрешни работи на блокот што ќе се одржи во Брисел на 31 август.
Лекциите од бегалската криза да се стават во функција на евенталниот нов бран
Грција и Турција исто така се загрижени за новиот миграциски бран кон Европа и почнаа да го координираат одговорот.
Турција е домаќин на речиси 4 милиони сириски бегалци и 300.000 Авганистанци, покрај мигрантите и бегалците од другите делови на светот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 19 август изјави дека Турција нема одговорност да биде „складиште на бегалци во Европа“.
Грција подигна дополнителен ѕид на границата со Турција
Грција стана држава од првите редови за време на европската миграциска криза, иако пристигнувањата од Турција се намалија од 2016 година кога ЕУ постигна договор со Анкара за да го запре протокот во замена за милијарди долари финансиска поддршка. Турција и Грција неодамна ги зајакнаа своите граници поради загриженоста за мигрантите од Авганистан.