Радев ќе го предаде третиот мандат за формирање бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска, како што најави неговиот кабинет, ќе го предаде третиот мандат за формирање влада на коалицијата „БСП за Бугарија“. Тоа е третата по големина парламентарна група во 46. Национално собрание. Од БСП е потврдено дека добиле покана од претседателот Радев. Претседателката на пратеничката група на БСП Корнелија Нинова
рече дека нема да биде кандидат за премиер во предложената влада.

Испитување на јавното мислење- партијата на Слави Трифонов трета, ГЕРБ прва

Според неа, ниту еден од политичките лидери на партијата не треба да биде предложен за премиер. „Момент е дека треба да се повлечеме и да избереме натпартиска почитувана личност која може да ги спроведе политиките кои ќе ги поставиме и заедно ќе ја извадиме Бугарија од кризата во следните месеци“, рече Нинова. Лидерот на БСП Нинова вети дека ќе стори сé што е во нејзина моќ за да формира влада, бидејќи на Бугарија и се потребни стабилност и безбедност. Првопласираните две партии на изборите на 11 јули „Има таков народ“ и ГЕРБ претходно го вратија мандатот и се изјаснија дека ќе настапуваат како опозиција.