27 починати и 1.082 новозаразени со коронавирус

Ковид амбуланта во Скопје. Инфективна клиника.

Во изминатото денонокие во Македонија се регистрирани 1.082 нови случаи на коронавирус, а 27 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 5.982 тестирања.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 406, во Тетово има 87, Гостивар 72, Струмица 70, Куманово 93, Кичево 57...

Пријавени се 27 починати лица: 7 од Скопје (84,79,78,67,67,66 и 60г), 6 починати лица од Тетово (85,76,74,73,69 и 60г), 5 од Гостивар (72,69,65,61 и 47г), 3 од Кичево (48,46 и 45г), по едно починато лице од Куманово (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г).

Од починатите лица 26 се починати во болнички услови, едно во домашни услови.

Регистрирани сe 492 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 13.235.