Поранешниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи и шефот на Високиот совет за национално помирување, Абдула Абдула, официјално добија домашен притвор во Кабул, јавува Си-Ен-Ен.
Талибанците во понеделникот запленија оружје од обезбедувањето и возилата на Карзаи, што го натера поранешниот претседател да се пресели кај Абдула, изјави извор за Си-Ен-Ен.
Меѓутоа, во средата Талибанците исто така ја пребарале и куќата на Абдула и го одземале неговото обезбедување и возила.
Според истиот извор, Карзаи и Абдула практично се во домашен притвор во Кабул без нивните телохранители и оставени на милост и немилост на Талибанците.
Минатата недела, портпаролот на Талибанците за Си -Ен -Ен изјави дека групата сака да формира инклузивна влада. Оттогаш групата разговараше со Карзаи и Абдула, кои останаа во Кабул откако Талибанците го освоија главниот град.
Абдула и претходно изјави дека се надева оти Талибанците ќе формираат инклузивна влада, но дека сега не е толку оптимист, изјави извор за Си-Ен-Ен.
Откако поранешниот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата, Карзаи, Абдула и Гулбадин Хекматијар - кој беше премиер пред доаѓањето на Талибанците на власт во 1996 година, се единствените политички фигури коишто често се имаа средби во Кабул со талибанските водачи и племенски старешини.
Триото, исто така, формираше совет за да се приклучи на 12-члениот Голем совет, кој Талибанците планираат да ја предводи претстојната влада.
Талибанците и понатаму се зафатени со дискусии за форматот на претстојната влада, но често ветуваат формирање инклузивна влада.