Испитување на јавното мислење- партијата на Слави Трифонов трета, ГЕРБ прва

Лидерите на бугарските политички партии- Слави Трифонов (ИТН), Бојко Борисов (ГЕРБ), Корнелија Нинова (БСП) Христо Иванов, (ДБ), Мустафа Кардај (ДПС) и Маја Манолова ( „Исправи се БГ)

Од првата политичка сила во Бугарија „Има таков народ“ (ИТН) падна на третото место, покажува најновото испитување на јавното мислење кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ во периодот од 13 до 22 август.

Според анкетата на прво место е партијата на Бојко Борисов ГЕРБ со 21, 6 отсто доверба, на второ Демократска Бугарија (ДБ) со 16,5 отсто, на трето „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 15,7 отсто и четврта БСП со исто толку доверба.

„Меѓутоа, разликите меѓу Демократска Бугарија, ИТН и БСП се во рамките на статистичка грешка“, изјави за бТВ социологот од „Маркет линкс“, Добромир Живков.

Според него ГЕРБ е повторно првата политичка сила во земјата поради добра мобилизација во текот на летните месеци, што донекаде е изненадување.

„Но, од друга страна, разочарувањето од протестните партии да формираат функционална влада дел од изгубеното јадро повторно го води кон оваа партија“, коментира Живков.

Бугарскиот гласач смета дека одговорноста за неуспешното формирање на владата со првиот мандат е прилично споделена, бидејќи 43 отсто велат дека одговорноста лежи кај двете потенцијалните коалициски страни и ИТН, која ја предложи нивната нацрт влада, како и кај „Демократска Бугарија“ и „Исправи се БГ: Ние доаѓаме“, кои одбија да ја поддржат.

Во Бугарија годинава два пати се одржаа парламентарни избори, а комплицираните резултати не создадоа можност за формирање политичка влада. Со земјата периодов раководи службена влада која е составена по предлог на претседателот Румен Радев.