Кина ги обвини Соединетите држави за политизирање на напорите за пронаоѓање на потеклото на коронавирусот пред објавувањето на американскиот разузнавачки извештај за тоа. „Ако сакаат неосновано да ја обвинат Кина, подобро да бидат подготвени да го прифатат контранападот од Кина“, изјави Фу Конг, генерален директор во кинеското Министерство за надворешни работи.
Што се знаеме за Делта варијантата на Ковид-19
Американскиот разузнавачки извештај беше нарачан од претседателот Џо Бајден во мај и има за цел да ги реши споровите за различни теории за тоа како се појави коронавирусот, вклучително и теоријата дека тоа е резултат на несреќа во кинеска лабораторија. Бајден доби копија од извештајот и беше информиран за него претходно оваа недела, изјави на 25 август, портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки. Американските власти цитирани во извештаите на медиумите велат дека не очекуваат прегледот да доведе до цврсти заклучоци.
Белата куќа: одбивањето на Кина за ново истражување на потеклото на вирусот е „неодговорно“
Кина ја демантира теоријата дека коронавирусот избегал од лабораторија во Вухан, градот каде што инфекциите со ковид-19 за првпат се појавија кон крајот на 2019 година. Наместо тоа, Пекинг сугерира без докази дека вирусот потекнувал од лабораторија во американската воена база Форт Детрик во Мериленд.