Ердоган во посета на Босна и Херцеговина

Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ за време на официјалната посета на Турција со претседателот Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 16 март 2021 година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечер, како што е најавено, треба да пристигне во Сараево. Тој утре ќе има состанок со членовите на Претседателството на БиХ. Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик потврди дека ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сараево, заедно бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. „Ќе разговарам со Ердоган за да му кажам дека Советот за спроведување мир во БиХ не е легално тело. Тоа не е седница на Претседателството на БиХ, туку разговор и ништо друго“, изјави тој.

Претставници на РС нема да учествуваат во работата на државните институции на БиХ

Додик додаде дека оди во Сараево за да не им дозволи на другите од Претседатлството да ја „раскажат својата приказна“ и дека, бидејќи Турција е членка на Советот за БиХ, ќе му кажел на Ердоган дека тоа тело не може да избере висок претставник. „Никој нема да му го каже тоа ако не заминам“, рече Додик, додавајќи дека со тоа не ги крши заклучоците на Националното собрание. Ердоган во Сараево ќе биде гостин на свадбата на ќерката на Бакир Изетбеговиќ.