Седница на Советот за безбедност на Црна Гора за устоличувањето на Јоаникиј

Демонстранти веат знамиња на Црна Гора за време на митингот во поранешната престолнина на Црна Гора, Цетиње, 22 август 2021 година

Денеска во Подгорица ќе се одржи Седница на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора, на која ќе се разговара за безбедносната состојба во контекст на најавеното устоличување на митрополитот на Српската православна црква (СПЦ) Јоаникиј закажано за 5 септември во Цетиње. Како што соопштија од кабинетот на претседателот Мило Ѓукановиќ, на седницата ќе се анализира безбедносната состојба во Црна Гора и ќе се донесат одлуки за активностите на надлежните државни органи во надминување на безбедносните предизвици инспирирани од закажаното востоличување на Митрополит Црногорско-Приморско на СПЦ.

Протест на Цетиње против устоличувањето на Јоаникиј

За безбедносната ситуација вчера во Цетиње разговараа и премиерот Здравко Кривокапиќ и градоначалникот на Цетиње, Александар Кажелан при што било оценето дека сегашната безбедносна состојба во Цетиње не е задоволителна. Востоличувањето на Јоаникиј во манастирот Цетиње ќе биде со присуство на други архиереи на Српската православна црква (СПЦ), предводени од патријархот Порфириј. Црногорските национални организации, здруженија и речиси сите опозициски парламентарни партии се противат на устоличувањето. На 22 август беше одржан предупредувачки протест, кога беше наредено устоличувањето на Јоаникиј да се случи надвор од Цетиње, бидејќи „чинот на окупација, клерикализација и давење на Црна Гора во српскиот свет нема да биде дозволен“.

Амбасадата на САД ги предупреди своите граѓани поради протестите на Цетиње

Митрополитот црногорско-приморски, Јоаникије, беше избран кон крајот на мај годинава на Соборот на Српската православна црква во Белград. Од моментот на неговиот избор и објавувањето на неговото устоличување во манастирот во Цетиње, Црна Гора е во затегнати политички тензии.