Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељал Свечља изјави дека очекува околу 2.000 авганистански државјани да дојдат на Косово, додавајќи дека за тоа се косовските власти редовно се координираат со сојузниците на САД во Авганистан и НАТО на Косово. Според него, Косово ќе им понуди привремена заштита на една година.
Европа стравува од нова бегалска криза
„Разговараме со нашите партнери за да ги видиме потребите за домување на Авганистанците, а потоа да ги пресметаме потенцијалите или можностите Косово да ги прими. Бројот за кој зборуваме, и секогаш зборуваме за привремено сместување, е околу 2.000“, рече Свечља за Радио Слободна Европа.