Петта трансплантација на срце од починат донор

Петта трансплантација на срце од починат донор во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Петта трансплантација на срце од починат донор во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези од починат донор се извршени денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Трансплантацијата на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои оделе на дијализа. Донор е 42-годишна жена која имала желба да ги донираат органите по смртта.

„ Голема благодарност до семејството на починатата пациентка која за жал имаше спонтано крварење во мозокот и беше детектирана мозочна смрт, а сопругот и братот ја испочитуваа нејзината желба која ја искажала уште за време на животот, а тоа е при нејзина евентуална смрт да бидат донирани нејзините органи“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентот на кого му е вградено новото срце е на респираторна машина, а веќе од утре треба да започне процесот на будење. Оваа фаза, како што посочи Филипче, е критична, но се надева дека пациентот ќе ја надмине и нема да има позначајни компликации.

Успешна првата трансплатација на срце од починат донор

Директорот на Клиниката за кардиохирургија Сашко Јовев изјави дека операцијата поминала добро и дека пациентот засега е добар.

За националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска, нема поблагороден чин од органодарителството.

Од мај 2020 година досега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво.