Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека меѓународната заедница треба да го продолжи „дијалогот“ со талибанците кои ја презедоа власта во Авганистан, за да се зачува она што беше постигнато во земјата по распоредувањето на силите на НАТО.
„Наша цел е зачувување на што е можно повеќе промени кои ги направивме во последните 20 години во Авганистан“, рече Меркел во обраќањето пред пратениците во Бундестагот.
Според неа, меѓународната заедница исто така мора да води дијалог за тоа со талибанците.
„Талибанците се реалност во Авганистан. Таа нова реалност е горчлива, но ние мора да се соочиме со тоа“, рече канцеларката.
Меркел изрази цврсто уверување дека „никакво насилство и никаква идеологија не може да го запре тежнеењето за правда и мир“.
Илјадници луѓе чекаат да заминат од аеродромот во Кабул пред повлекувањето на западните војници
Талибанците ја соборија авганистанската влада која имаше западна поддршка на 15 август по блиц офанзивата во која зазедоа најголем дел од провинциите во земјата.