Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека втората доза од нејзината вакцина против ковид-19 го зголемува имунитетот постигнат со првата доза. Во соопштението е наведено дека по две клинички студии е утврдено дека бројот на антитела се зголемува деветократно по примена втора доза од нивната вакцина.
Американските власти ги објавија плановите за вакцинација со мРНА вакцините против ковид-19 според кои сите Американци кои примиле две дози од Фајзер или Модерна ќе добијат и трета доза по 8 месеци од примената втора доза.
САД би можеле да го контролираат коронавирусот до идната пролет
Центарот за контрола и превенција на болести соопшти дека очекуваат дека ќе биде потребна втора доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“ но засега им се потребни повеќе податоци пред да дадат таква препорака.
Во соопштението за компанијата не се прецизира кога треба да се аплицира втората доза, но според информациите за испитувањата на владините веб -страници, компанијата тестирала повеќе можни интервали, почнувајќи од најмалку шест месеци по примена прва доза.
Вакцината Фајзер целосно одобрена во САД
Претходно Центарот за контрола и превенција на болести објави дека опаднала ефективноста на вакцините против ковид-19 во целина, откако хипер-заразната варијанта Делта стана доминантна. Но, заштитата од тешки ковид-19 инфекции и смртни случаи и натаму останува стабилна надминувајќи 90 проценти заштита, покажуваат повеќето студии.