Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека во услови кога имаме поразителни бројки на заразени и починати од корона вирусот и немањето капацитет на власта, предводена од СДСМ, да го обезбеди потребниот број на попишувачи за спроведување на попис операцијата е да се направи електронски попис.
Одговарајќи на новинарски прашања после изјавата која што ја имаше при посета и средба со граѓани во Драчево во Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ цело време бара во Македонија да се проведе електронски попис со што би се избегнало физичко посетување на граѓаните во домовите, така што би се спречило ширење на заразата и би се заштитило здравјето на граѓаните и би „се спречиле манипулациите што власат сака да ги прави“.
План Б - Административците ќе го пополнуваат недостигот на попишувачи
Инаку, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска рече дека се пријавиле доволен број попишувачи, а владата вчера донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции. Владата им препорачува на единиците на локална самоуправа и на институциите под нивна надлежност да постапат на ист начин.