Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа.
Како што вели координатор во КОВИД центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.
„Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе“, информира Нуредини.
За преглед или контрола во амбулантата на ковид-центарот помош за 24 часа побарале 188 луѓе.
Тетово е еден од градовите најжестоко погодени од четвртиот бран на пандемијата на коронавирус во Македонија.