Соединетите држави би можеле да го стават под контрола ковид-19 до почетокот на следната година, доколку се зголемат вакцинациите, изјави Ентони Фаучи, откако вакцината на „Фајзер“ доби поцелосно одобрување од Администрацијата за храна и лекови. Фаучи, врвниот експерт за заразни болести во САД наведе дека целосното одобрување на Фајзер го отвора патот за повеќе луѓе да се вакцинираат, со потенцијално одобрување за вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон за деца.
Вакцината Фајзер целосно одобрена во САД
„Ако го добиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои сѐ уште не се вакцинирани, кои не сакаа да се вакцинираат или немаа можност, верувам дека можеме да видиме светлина на крајот од тунелот“, рече тој. Соединетите држави се соочуваат со бран случаи на варијанта делта, при што во просек има по скоро 150.000 нови пријавени инфекции на ден. Хоспитализациите и смртните случаи исто така се зголемуваат, особено во Флорида, Тексас и други делови на југот на САД.