Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се обрати пред парламентот, кој треба да одлучи дали да испрати германски војници во Кабул за да се обезбеди евакуација од Авганистан. Меркел во саботата призна дека отпорот на авганистанската армија против талибанските милитанти бил погрешно проценет. „Армијата падна со темпото што го одзема здивот“, рече Меркел, додавајќи: „Очекувавме отпорот да биде посилен“.
Ербнб ќе обезбеди привремено сместување за 20 000 авганистански бегалци
Според неа, сега фокусот е насочен кон спасување луѓе од Авганистан, a подоцна ќе треба да се разговара за она што било постигнато или не. Талибанците пред десетина дена го зазедоа авганистанскиот главен град Кабул по офанзивата во која освоија огромен дел од земјата што го изненади Западот.