Бајден: постои ризик од Исламската држава ако не се запази рокот за повлекување од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека авионскиот трансфер од Кабул, предводен од САД, мора да заврши до крајниот рок од 31 август што го постави, поради зголемената закана од огранок на терористичката група Исламска држава. „Постои „акутен и зголемен ризик од напад од страна на терористичка група позната како ИСИС-К“, или Исламска држава-Корасан, колку подолго остануваат американските сили во земјата“, рече Бајден.
Бајден, исто така, додаде дека Соединетите држави „се при крај“ со повлекувањето на своите сили од Авганистан до крајот на месецот, како што беше планирано.

Талибанците бараат квалификуваните Авганистанци да не ја напуштаат земјата

Талибанците изјавија дека сакаат сите евакуации за странство од земјата да завршат до 31 август и дека нема да се согласат со продолжување. Со оглед на тоа што Бајден се соочува со зголемен притисок од сојузниците за повеќе време за авионскиот трансфер, лидерите на големите индустријализирани економии на Групата седум на 24 август разговараа за тоа како да се заврши хаотичното повлекување и да се справат со Талибанците сега кога ја презедоа власта.

Г7 повика на смиреност и воздржаност во Авганистан

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, го цитираше Бајден кој им рекол на лидерите на Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија дека „завршувањето на мисијата до 31 август зависи од континуираната координација со Талибанците, вклучувајќи го и постојаниот пристап за евакуираните до аеродромот во Кабул. Псаки додаде дека американскиот претседател побарал од Пентагон и Стејт департментот „вонредни планови за прилагодување на временската рамка доколку тоа стане неопходно“. Аеродромот во Кабул е зафатен од хаос и спорадични насилства.